Дневен центар за лекување на нарко зависници е неопходен и во Струга

На оваа потреба освен што укажуваат стручните лица, интерес пројави и пратеничката Затуроска. Вети дека ќе покрене иницијатива за изградба на ваков центар.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Liljana Zaturoska
Liljana Zaturoska

На оваа потреба освен што укажуваат стручните лица, интерес пројави и пратеничката Затуроска. Вети дека ќе покрене иницијатива за изградба на ваков центар.
 
Дневен центар за лекување на зависниците од дрога,  недостига и во Струга. Оваа потреба пред извесно време ја потенцираа и  психијатрите од градот. Иако од министерството за труд и социјална политика имаше ветувања дека оваа идеа ќе се реализира, сепак од тогаш се поминати деве години а досега  нема никакви позитивни сигнали за реализирање на истата.
Интерес за изградба на дневен центар пројави и пратеничката од редовите на Вмро дпмне од Струга.

„Можам да кажам дека би покренала иницијатива за отварање на дневен центар каде зависниците од дрогаќе можат да се рефабилитираат. Ќе разговарам со релевантните институциикои се занимаваат со оваа проблематика па се надевам ќе успееме да им помогнеме на наркозависниците“-вели Лилјана Затуроска, пратеник од Вмро Дпмне од Струга.

Liljana ZaturoskaБидејќи метадонската терапија мора да се прима секоја ден, доколку  „Дневен Центар“  би се отворил во  Струга, зависниците би се поштедиле од трошоците поради  секојдневните патување  до Охрид. На тој начин, тие наместо сами, терапијата ќе ја примаат редовно и од стручните лица.

Бидејќи во Струга бројката на ваквите лица се повеќе расте, за на време да се спречи тоа, заложбите на пратеничката ќе бидат уште поголеми, ветува таа.

На оваа тема но и останатите околу „Дрогата“- причини и последици, се дискутираше на јавната трибина која се одржа во основното училиште во село Мислешево. Инаку трибината е дел од редовните активности на пратеничката Лилјана Затуроска.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top