Нема ризик од инфекција на Хепатит

Сепарирани сали за дијализа во Заводот за нефрологија од Струга, превенција од инфекција на Хепатит Ц.

 |  Николоска Биљана  | 
aparat
апарат

Дел на пациентите кои вршат хемодијализа во Центарот во Струга, стравуваат од хепатит Ц. Се пожалија дека недоволно се посветува внимание на хигиената, а посебна забелешка имаа за медицинскиот персонал, со исклучок на докторите. Тие не сакаа да коментираат пред нашата камера бидејќи стравуваат дека тоа лошо може да им се одрази врз нивниот понатамошен третман во оваа установа.

oddelenie dijaliza„Има хепатит Ц тие се во друга сала делени сме на групи но и покрај тоа стравуваме бидејќи дома имаме деца но и за себе. Не несум задоволна прво и прво хигиената не е како што треба второ персоналот, па потоа сами си уклучуваме апарати сами носиме канти и ред други работи“, кажа во телефонска изјава за ТВМ пациентка која е на хемодијализа во Струга.

Ваквите забелешки како неосновани ги отфрли првиот човек на Заводот, д-р Сами Мена. Тој ја потенцира огромната важност на струшкиот центар за дијализа, кој според него успева да ги задоволи потребите на регионот, а каде само во моментов има 220 пациенти кои се на хемодијализа. Мена нагласи дека во Заводот се вршат сите можни прегледи, од дијагностика, третман и се останато што е потребно. Посочи дека по многу нешта се единствени не само во регионов туку и во Европа. Мена признава дека има Хепатит Ц, но дека ова заболување е присутно во мал процент и нема ризик од негова преносливост. Тој е дециден во својот став дека доколку постои ризик од ова заболување раководните тимови треба да сносат одговорност.

nefrologija„Ние во нашиот центар создадовме услови за пациентите, успеавме да го намалиме бројот на 30%, што е најнизок процент во државата и направивме такви услови да неможе да дојде до инфекција на хепатит Ц на пациенти во нашиот центар. Но внимаваме и на оние пациенти кои хепатитот можат да го донесат и однадвор при контакт. Значи ние сме единствен центар на Балканот, регионот и државата каде имаме одделен оддел за хепатит и без хепатит.
Напоменувам дека над 10 години немаме хепатит Б значи ги вакцинираме пациентите салата е одделена и не се пренесува. Кога се работи за персонал ниеден лекар, сестра, болничарка, чистачка нема добиено хепатит Ц во заводот за нефрологија нити се загрозени пациентит“, потенцира Мена.

На ниво на државава има 1450 пациенти кои се на хемодијализа и нивниот број секоја година се зголемува за околу 100 нови случаи. Пациентите безнадежни дека некогаш би можело врз нив да се изврши трансплантација на бубрег, бидејќи за тоа никој не зборувал и ништо не ветувал. Мена вели дека бројката е голема и ставот на сите невролози е дека лекот на пациентите кои се на хемодијализа е трансплантација, кој пак зафат е далеку поисплатлив отколку хемодијализата. Додеде дека на државно ниво не седат со скрстени раце и оти за догледно време ќе има подобри резултати на ова поле. Мена исто така потсети дека, минатата година се донесол закон каде се стимулира трансплантацијата како и тоа дека се дозволи земање бубрег од кадавир, не само од живи донатори но дека се јавиле проблеми во организациониот дел. Трансплантацијата од кадавир е комплексна работа и треба специјален тим на доктори за да го изведат тоа.

Во Заводот за дијализа досега има 5 успешни трансплантации и тоа од живи донатори најчесто од најблиските. Мена е убеден дека доколку има трансплантација од кадаверични донори би се намалил бројот на пациенти на хемодијализа, би се намалиле трошоците, а би се подобрил квалитетот на животот на пациентите. Мена порача дека дарувањето на бубрег или друг орган треба да се разбере како благодет и да се надминат стравувањата и од верски па и друг аспект.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top