Се руши монополот на институциите. Профункционира законот за слободен пристап до информации. Институциите несмеат повеќе да ги кријат информациите од јавен карактер. Денес Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер, одржа еднодневна обука на претставници на институцииите на охридско струшкиот регион. Целта на обуката е службените лица да се оспособат и да знаат кои информации од јавен карактер да ги дадат на барателите на информациите. Законот е одличен, граѓаните добиваат, вели градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко.
Во сорботка со општината ја организиравме оваа обука со јасно поставена цел, вели Пеце Ташевски, претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер.
Правото на граѓаните е пред се, потецира Ташевски. Тој додава дека патот по кој треба да се движат барателите на информации е строго зацртан. Пред се граѓаните одговорот треба да го добијат од службените лица на општините или во ЈП кои делуваат во рамките на Локалната и впрочем сите нејаснотии треба тука да бидат расчистени. Ташевски вели дека во спротивно има и друга мерка доколку некој отскокне.
Колку граѓаните се запознаени за тоа кои информации им се достапни и се од јавен карактер со точност неможеа да појаснат од комисијата. Ташевски вели дека сепак се работи за релативно ново право и целта на Комисијата е да го промовира тоа право кое и во Европа е ново. Комисијата постои 5 години и делува на тоа да граѓаните што повеќе се запознаат со заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер. Останува да видиме како ова ќе профункционира во пракса и дали и понатаму и граѓаните а и медиумите мака ќе мачат додека стигнат до вистинската информација.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град