Неколку училишта и детски градинки ќе добијат спортски игралишта

Над 200 американски деца, кои живеат во Европа и САД, вклучени се во изградба на спортски игралишта во неколку струшки и охридски училишта, како и детски градинки.

 |  Валентина Нелоска  | 
Adam Stefi
Адам Стефи

Над 200 американски деца, кои живеат во Европа и САД, вклучени се во изградба на спортски игралишта во неколку струшки и охридски училишта, како и неколку детски градинки. Адам Стефи е волонтер, кој заедно со неговите другари, со тимска работа ги градат овие игралишта. За својот ангажман Стефи вели „Сакам да научам да работам и преку тоа да им помагам на другите.“

Проектот за изградба на овие спортски игралишта е во соработка со компанијата „Добредојдовте во Македонија“. Секоја година се избира по една земја од југоисточна Европа за изградба на вакви спортски игралишта. Тие се наменети  за најмладите до 14 годишна возраст, објаснува Робрет Фабер од компанијата „Добредојдовте во Македонија“. 

igralishte Основците од  училиштето „Св. Климент  Охридски“, подрачна единица  во  селото Ложани, ќе добијат спортско игралиште по теркот на оние кои ги  имаат нивните врсници во САД.  Покрај училиштето во Ложани, спортски игралишта ќе добијат и учениците од основните училишта во Радожда и  Лескоец и децата од двете детски градинки Лихнида и Билјана.
Проектот е со вредност од над 120.000 евра.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top