Не запираат кражбите по струшките цркви

Овој пат провалена црквата Св. Никола во Вевчани. Украдени се вредни предмети од верскиот објект.

 |  Колоска Билјана  | 
ikona
икона

Овој пат провалена црквата Св. Никола во Вевчани. Украдени се вредни предмети од верскиот објект.

Sv.NikolaУште една провалена црква во струшко. Иако неодамна се одржа состанок во кој беа вклучени сите инволвирани страни, за да се зголеми безбедноста на верските објекти, сепак очигледно ниту тоа не помогна да се заштити црквата „Св.Никола“ во Вевчани. Викендов засега непознати сторители извршиле кривично дело „Тешка кражба“ во тој  верскиот објект кој се наоѓа речиси во центарот на Вевчани. Според информациите на СВР Охрид, тоа било направено со тврд предмет,  со насилно отварање на споредната врата на црквата од јужната страна. Извршителот на ова кривично дело, успеал да влезе во внатрешноста на црквата,  каде најнапред извршил пребарување низ целиот простор па потоа со себе  зел вкупно 4 икони. Меѓу украените вредни икони се: ,,Св.Јован Крстител“ од 18 век, една руска икона од 19 век и една икона со ликот на ,,Пресвета Богородица“. Непознатиот сторител одзел и два метални крста, три примероци на Евангелието од кои две потекнувале од 19 век, еден сребрен „Путир“ и други поситни предмети.

На лице место, извршен е криминалистичко-технички увид од страна на полициските службеници при Полициската станица во Струга. Се преземаат мерки за целосно документирање и расветлување на овој случај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top