Не брендирана облека, туку карактер кој се памети

Безброј обврски носи градоначалничката функција; штом станав прв човек на Струга, му кажав на семејството да смета дека сум на печалба.

 |  Билјана Колоска  | 
Ramiz Merko
Рамиз Мерко

Безброј обврски носи градоначалничката функција; штом станав прв човек на Струга, му кажав на семејството да смета дека сум на печалба.

Скромен по природа, речиси воопшто нема време за себе, сака луѓето да го знаат по неговиот позитивен карактер, а не по брендираната облека. Покрај ова, актуелниот градоначалник Рамиз Мерко себеси се смета за добар домаќин. Откако тој е прв човек на Струга, вели дека времето му е исполнето максимално. Речиси и да нема простор за спортски активности. „Градоначалничката функција е доста одговорна работа, но за среќа за тоа имам разбирање од моето семјество“ вели Мерко.

semejstvo MerkoТој додава дека за овие 4 години функцијата воопшто не го променила, ниту катрактерно ниту професионално. Отсекогаш сакал да биде, како што вели педантен во извршување на своите обврски, но и во извршување на обврските со својот дом.

Мерко е татко на 4 деца, 3 девојчиња и еден син. Тие  велат дека се горди на него. Знаеа да биде другар, но и строг родител.
„Не се срамам да кажам дека три години по ред, со семејството  не сме биле на годишен одмор“ истакна Мерко. „Бројни обврски имав и претходно, а не само од кога станав градоначалник, но во нивното извршување секогаш имам помош“ вели кандидатот за градоначалник.
Актуелниот градоначалник има 54 години. По професија е агроном. Своевремено бил градежен работник, одгледувал овошни насади, за подоцна да започне свој приватен бизнис – отварање Земјоделски аптеки, кој и до ден денес успешно функционира.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top