Наумче Мојсоски амбасадор на Струга

Струга има талентирани спортисти затоа надлежните треба да финансираат во оваа област, вели ракометарот Мојсоски.

 |  Билјана Колоска  | 
Naumce Mojsoski
Наумче Мојсоски

Струга има талентирани спортисти затоа надлежните треба да финансираат во оваа област, вели ракометарот Мојсоски.

Стружанецот Наумче Мојсоски сеуште е под импресии од достигнувањето на светскотот ракометно првенство во Хрватска. Во овие 10-години откако тој игра ракомет, како најголеми успеси ги издвои е 11-етото место на светското првенство на репрезентативен план, додека на клубски, е учеството на европското финале, кое се одигра пред 6 години. Достигнувањата се голем успех, не само за мене туку и за градов но и државата, вели Мојсоски.

„Во машкиот  ракомет има 5-6  репрезентативци од Струга, тоа е голем успех за овој град. Всушност ние претставуваме амбасодори на Струга и тоа не е мала работа“- вели  ракометарот Наумче Мојсоски.

Навистина сум горд на Мојсоски но и другите ракометари, за кои би се согласил дека се амбасадори на Струга и Македонија, истакна првиот човек на градот.

Naumce Mojsoski„Со тоа што на натпреварите се вее знамето на државава и се извикува името на Македонија, тоа е гордост на сите а и за нашиот град Струга“-истакна градоначалникот Рамиз Мерко.

Постигнувањата на машката но и женската ракометна репрезентација покрај напорите на спортистите се должи и на финансиската поткепа од страна на владата, вели Мојсоски. Според него, и спортот во Струга  се движат во позитивна насока. Локалната самоуправа не треба да ја прекинува паричната помош која ја вложува во  спортот ,бидејќи на Струга тоа како и е неопходно, додава Мојсоски.

Според него, во последно време очигледно е дека владата покажува интерес со тоа што  инвестира во спортот. Со успесите на машката и женската ракометна репрезентација, како и достигнувањата  на поедини спортисти, Македонија во светот се гледа со други очи, истакна Мојсоски.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top