Насобрани проблеми пред крајот на годината

Заокружена осмата и последна седница за годинава на Советот на општина Струга.

 |  Николовска Биљана  | 
sednica
седница

Заокружена осмата и последна седница за годинава на Советот на општина Струга.

sednicaКај струшките советници не се чувствуваше предновогодишно расположение. Наталожени проблеми еден куп. Но оптимизмот надвладеа. Советничката од редовите на ДПА Љуљзиме Зулали, предложи како приоритет да се додаде точка на дневен ред  околу превземањето превенција за поплавите во Струга.

Претседателот на Комисијата за урбанизам Ќазим Салковски, не само за оваа точка, туку општо сите иницијативи на советниците предложи да се разгледаат на некоја друга седница.

Градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко, проба да ја амортизира состојбата околу бројните натегања кои настанаа поради предлогот на Зуљали, за приоритет на нештата околу поплавите во Струга.

Резиме на се даде Среќко Бандоски кој како член на Комисијата на урбанизам, рече дека комисијата работела совесно и принципиелно без никаква тенденција

На осмата седница на советот на општина Струга, се расправаше по 16 точки од дневниот ред. Тензија се крена и по единаесеттата точка, Предлог одлука за донесување ДУП за плански опфат за дел од блок на УЕ 11 општина Струга. За неа реагираа социјалдемократите, кои се пожалаа дека немале навремено доставени материјали за таа точка. Општо советниците укажаа и на неажурноста на веб страната на општината кој не функционирала навремено и точно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top