Народниот правобранител во Вевчани

Горливите проблеми со кои најчесто се соочува народниот правобранител од судството, полицијата, граѓанските состојби во Вевчани ги нема. Таму досега евидентирана е само една преставка, која се однесува на потрошувачки права.

 |  Билјана Николовска  | 
NP
претставници на Нар. првобранител

Претставници на народниот правобранител во Вевчани. „Напредување на соработката на Централната власт и Локалната самоуправа со народниот правобранител“ е главната цел поради која на тркалезна маса седнаа претставниците на народниот правобранител како и претставници на надлежните институции од оваа општина. Градоначалникот Перо Илиески, како домаќин рече дека присуството на народниот правобранител во неговата општиина е мошне значајно.

Заменикот на народниот правобранител, Даут Селман, рече дека многу малку луѓето од руралните средини се зпознати со носечката улога која народниот правобранител е има и која е услугата која можат да ја добијат од него.

Селман истакна дека состојбата во сферата на нивниот домен на работа во Вевчани е на завидно ниво, во споредба со останатите рурални средини во регионот што го покриваат. Најмногу преставки има во руралните средини со мешан национален состав, додава тој.

На тркалезната маса за улогата и надлежностите на Институцијата Народен правобранител зборуваше Трипун Танушески заменик правобранител. Инаку оваа тркалезна маса е во организација на Народниот правобранител потпомогната од ОБСЕ и Шведската агенција за развој СИДА. На тркалезната маса според најавите на градоначалникот Илиески требаше да присуствува главниот народен правобранител Иџет Мемети, кој отсуствувал од оправдани причини.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top