Најнов филм во Струга

Струшкиот огранок на ДПА, денес се огласи за актуелните настани, поврзани со тензијата која се крена во јавноста поради дел на маските на Вевчанскиот карневал, каде беше исмеан исламот.

 |  Билјана Николоска  | 
dpa press
DPA press

dpa press„Граѓаните на Струга повторно жртви на добро осмислено сценарио, Протестите во Струга, поради исмејување на исламот на Вевчанскиот карневал, како и учеството на трите клучни луѓе, градоначалниците на Вевчани и Струга, Перо Илиески, Рамиз Мерко и Струшкиот Муфтија, Ферат Полиси подготвени се за најновиот филм во Струга. Вака обвинија од ДПА, Струга. Претседателот на огранокот на ДПА, Лавдрим Елмази, рече дека се ова е добро смислена и одлично анализирана потценувачка, навредлива и конфликтна сцена, каде се задира во најчусвителното прашање, верското. Од ДПА зачудени, зошто Владата не реагира на се ова.
„Струшкото Муфтиство на чело со Др. Ферат Полиси, реагираше и во нивната официјална реакција бараат(цититам):
1. Владата и соодветното министерство да ја избришат оваа општина од регистарот на општините на РМ
2. градоначалникот на оваа општина автоматски да даде неотповиклива оставка од оваа функција
3. да бара јавно извинување пред целата јавност на РМ.“
Г. Полиси, како ја објаснувата вашата средба со градоначалникот на Вевчани заедно со градоначалникот на Струга, еден ден пред протестот или неколку дена после вашата реакција?“
Од струшкиот огранок на ДПА, поставија уште низа прашања за тоа која е улогата на Струшкиот Муфтија и што всушност сака да постигне со тоа што се јавува во две улоги. Исто така тие се обратија и до градоначалникот Мерко.
Елмази истакна дека тие како огранок на ДПА, биле тука за да и стават до знаење на јавноста во Македонија, дека Струга и стружани, секогаш биле и остануваат лулка на културата, доброто однесување, соработка и толеранција. Тој ги осуди и чиновите на сквернавење на верски објекти и рече дека ова најмалку и е потребно на Струга, бидејќи градот не е дел од тоа, но за жал постојат одредени структури кои сакаат да и го нарушат имиџот и да ја претстават во негативно светло.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top