Над селото Вевчани се урна рид

Цел рид доцна синока се урна над струшкото село Вевчани. За среќа, повредени нема. Штета претрпеа неколку куќи и здравствениот дом.

 |  Татјана Маленкова  | 
Vevcani
Вевчани

VevcaniЦел рид доцна синока се урна над струшкото село Вевчани. Настрадаа неколку куки и здраствениот дом. Штетата е огромна. Причина за нереќата се обилните врнежи и топењето на снегот, поради што  дојде до лизгање на земјиштето.
Жителите на Вевчани преплашени од тоа што го виделе. Цела ноќ ја поминале во ублажување на состојбата.

И градоначалникот на Вевчани Перо Дујкоски работеше со жителите на Вевчани. Вели дека бидат потребни многу пари за санирање на штетите.Од лавината е уништен и просторот  каде беше предвидено да се гради и фудбалски стадион, додава тој.

Од центарот за упавување со кризи информираат дека одронот бил со ширина од 150 до 200 метри, а висина од околу 2 метра. Стотина жители на Вевчани преземале мерки за заштита на просторот, а вклучена била и машина за расчистување на надојдениот материјал.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top