Синоќа се отвори баумаркетот на браќата Бизати во кој има се и сешто. Теркот е европски, а бизнис климата македонска
Синоќа се отвори баумаркетот НАБИЗИ кој се наоѓа на патот од Струга према Ќафасан. Таму има од игла до локомотива. Може да се најде бела и црна техника, санитарија, мебел, електрика, апарати за домаќинство и што уште не. Идејата за отварање на еден ваков комплекс се родила пред две години и успешно се реализира. Во НАБИЗИ вложени се повеќе од 2 мил евра. Овој комплекс е по теркот на европските од каде се земани примери и искуства. Камбер вели дека го следат светскиот тренд и работат со најпознати фирми од областа на градежништвото. Камбер Бизати, еден од сопствениците на Набизи вели дека почетоците не биле воопшто лесни.
Почнавме јас и брат ми со еден работник, а сега имаме 55 до 60 вработени. Најголем дел од нив се со факултет, има и со срдна школа, но сите се специјализирани во својата област, вели Камбер.
Од слаткарница до ланец продавници и успешен бизнис. Таква е приказната на фирмата НАБИЗИ од Струга која започнала во далечната 1983 год. кога ретко кој знаел за приватен бизнис. Браќата Камбер и Насуф кршејќи го мразот, почнале да ја прошируваат својата дејност. Се занимавале со прехрана, бела техника и електрика, а во 1992-93 се опробале и со текстил. Во 1997 год. почнале бизнис и со градежни материјали.
Планови за понатаму има многу , но браќата Бизати не ги откриваат. Велат дека веќе ги имаат освоено пазарите во Македонија, а сега ќе се стремат да ги освојат и странските како Албанија, Грција и Бугарија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град