Првиот човек на установата ќе се фокусира повторно да ја врати навиката кај граѓаните да ги посетуваат ваквите институција.
Првиот човек на установата ќе се фокусира повторно да ја врати навиката кај граѓаните да ги посетуваат ваквите институција.
Музејот во Струга „Никола Незлобински“ одбележува 80 години успешно функционирање. Во овој период се променети многу работи а пред се полека исчезнува навиката кај граѓаните да ги посетуваат вакви установи. Конкретно за Струга, тоа се должи на минималната едукација кај граѓаните како и учениците, но пред се недостасува промоцијата на вредности со кои располага музејот, вели првиот човек на „Никола Незлобински“. Очајно ни е потребна каталошка промоција за поголема афирмација на оваа национална установа, а тоа воедно е наш приоритет во иднина, додава директорот.
„80 години подоцна ние направивме збирка на вредностите со кои располага музејот, и на тој начин ќе го промовираме истиот. Планираме за скоро време да отвориме наша веб страна“-истака директорот Сашо Цветкоски.
Во досегашното работење на оваа институција владата одвојува средства за реализирање на многу активности. Постојано сме биле субвенционирани за повеќе проекти но проблем е тоа што музејот се соочува со несоодветни просторни услови, вели Цветкоски.
„До сега средствата биле доволно само за теренски истражувања, се надеваме дека ќе има и такви проекти кои бараат големи суми пари“- додаде Цветкоски.
Тој е оптимист дека во иднина ресорното министерство ќе им излезе во пресрет за реализирање на многу пороекти кои се од големо значење за градот. Веќе има најави оти министерката за за култура, Елизабета Канческа Милеска пројавла интерес да инвестира и во струшкиот музеј.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град