Моштите на Св Ѓорги ја осветија Струга

Стружани и годинава во една беспрекорна организациија ги дочекаа моштите на Св. Ѓорѓи, од истоимениот манастир во Рајчица.

 |  Николоска Биљана  | 
litija
литија

litijaБлагословот на Св Ѓорѓи ја освети Струга. Овој град  вчера беше во знакот на Еордијата во чест на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, заштитникот на овој град. Илјадници верници од сите краишта на земјава и годинава ја продолжија древната традиција  која последниве 5 години повторно е возобновена со благослов на митрополитот Тимотеј. Еордијата во Струга е еден уникатен духовен настан кој што е многу повеќе од литија, вели сестра Варвара од манастирот Св Ѓорѓи Победоносец, Рајчица. Додава дека тоа е едно сеопшто славење на Св Ѓорѓи, кој трае три дена и не случајно го носи зборот еордија што значи празнување. Сестра Варвара не испушти а да не се заблагодари на отец Партерниј, бидејќи на негова иницијатива оваа раскошна традиција е возобновена последниве 5 години.

litija„Тоа е  голема благодат и сите ја чуствуваат таа благодат овие денови. Многу се чуствува благогоухранието од моштите а за иконата не треба да станува збор. Тоа е многу стара икона и навистина за цело време додека треа литијата Св Ѓорги е присутен со нас ја благословува литијата и го благословува народот кој што учествува на литијата, го благословува градот Струга“ – нагласи сестра Варвара.

Навистина величествено е да се види како стружани и многубројните гости што на овој ден доаѓаат да се придружат на славењето, во свечена поворка со иконата и моштите на св. Георгиј, положени во раскошно украсен цветен балдахин, со развеани знамиња и распеани гласови на псалтите, радосно се движат низ улиците на овој древен и живописен град, носејќи го насекаде благословот на св. Ѓеоргиј. Јоне Кленко, еден од постарите и ретки занаетџии од струшката чаршија потсетува како некогаш Струга го славела овој голем ден.

litija„Тука во Св Ѓорѓија на овој ден е одржувано една врста договорање меѓу сите верници од селата и градот со разни проблеми за да можат тие да се усогласат за да нема некои непријатни настани општо во општинава. Се слави повеќе од сто години многу е старо уште пред турското. Овде тајно се собирани луѓето за да не ги откријат властите. Тие овде правеле трпеза на љубовта, дури околу црквата се играло оро, од моми, беќери и од повозрасни. Имало три ора и додека се играло внатре се заседавало и откако ќе завршел настанот се кажувало на ороводителите и на населението, се собирале заедно и три пати играле оро околу црквата и се јадела нафора, поткрепа за луѓето кои чекале долго време. Овој ден голем ден св Ѓоргија, не учеа да гопочитуваме да си доажаме и да си веруваме. Ние како верници секоја година се помасовно се приклучуваме кон оваа голема светотст за да ја почуствуваме благодата радоста и љубовта што ни ја носи овој голем светител Св Ѓорѓи Победоносец. Овој празник го чуствувам со едно големо задоволство. Од помали години уште од рани зори нашите родители не учеле да го прославуваме на ваков начин како денеска – велат стружани.
 
Св. Георгиј Победоносец , маченички пострадал во Лида – Палестина, во времето на царот Диоклецијан и таму во еден машки манастир се изложени неговите  мошти. Од криптата во која се положени моштите и денес се излева исцелително миро. Дел од моштите, дланката на Победоносецот се наоѓа во параклисот во рамки на манастирскиот комплекс во Рајчица. Оттаму се носат во Струга токму на празникот кој градот на мостовите го чествувал уште во 18-19 век.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top