Младите стружанчиња ќе учат влашки јазик

Младите стружанчиња ќе учат влашки јазик. Целна група се деца од 3 до деветто одделение. Синоќа во хотел Дрим Струга се одржа манифестација по повод свеченото отварање на факултативниот курс по влашки јазик.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Здружението на власите од Струга изработи проект за изучување на влашкиот јазик. Станува збор за факултативен курс кој ќе можат да го следат деца од трето до деветто одделение. Како што велат од Здружението проектот бил прифатен од страна на градоначалникот Зијадин Села, така што општина Струга комплетно финансиски ќе го поддржи.

Синоќа градоначалникот Села во хотел Дрим Струга и свечено го отвори факултативниот курс по влашки јазик. Од Здружението на власите велат дека интерес за курсот на почетокот има, така што уште вчера 22 деца пројавиле интерес. Наредниот понеделник односно на 21 ноември ќе отпочнат предавањата во старото училиште Браќа Миладиновци во близина на домот за култура.

Најпрво ќе има по три часа неделно кои ќе се одржуваат во петок и сабота. Часовите ќе ги држи наставникот Наум Нанушески, кој за почеток набавил учебници за изучување на влашки јазик, но од Скопје чека дополнителна литература. Од здружението на власите од Струга ги повикуваат сите деца на спомнатата возраст без разлика дали имаат влашко потекло или не да дојдат да го изучуваат влашкиот јазик бидејќи бил многу интересен, но и корисен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top