Мирна вода брег рони

Лош момент за коментари на надлежните за тоа каков е квалитетот на водата во Охридското езеро. Дали водата е загадена останува јавноста сама да процени. Очигледно после проблемите со високиот водостој на езерото последиците некој сака да ги стави под тепих.

 |  Билјана Николовска  | 
езеро
ezero

kolektorНадлежните неподготвени за коментар околу квалитетот на водата во Охридското Езеро. Имено Министерот за ЖСПП Неџати Јакупи не располагаше со никаков податок и неможеше со точност да каже дали езерската вода е загадена или не. Тој во прилог на ова рече „како министерство свесни сме дека постои проблем и во најскоро време треба да  предложиме конкретни мерки за да го надминеме на истиот“.
За да добиеме попрецизни информации Јакупи не упати на надлежните институции за испитување на квалитетот на водата во езерото. Директорот на Регионалниот центар за Јавно здравство, Атанаско Михаилов рече дека во моментов не вршат испитување на површинските води. Активни анализи се правеле од месец мај до октомври и тоа во интерес на туристичката сезона. Михаилов дообјасни дека последната анализа за квалитетот на водата во езерото била вонредно направена и дала позитивни резултати. Од друга страна пак директорот на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчевски вели дека според  податоците со кои тие располагаат и кои се исклучително за интерна употреба на јавното претпријатие, состојбата воопшто не е розова.
„За лошата состојбата на колекторскиот систем веќе е запознаено Министерството за транспорт и врски“, вели Трпчевски. Тој додава, дека од нивна страна била потенцирана итноста за започнување со втората фаза на изградба на колекторскиот систем, поточно магистралниот цевковод од Струга 3 до Враништа, како и изградбата на вториот биолошки блок на Враништа за да биде комплетен целиот колекторски прстен.
„Досега нема никаков одговор од страна на Министерството за транспорт и врски,  ниту пак се знае  зошто доцни информацијата која Министерот Јанакиевски требаше да ја даде на првата седница на парламентот, а не е одговорено ниту на писменото барање“, изјави директорот на МЈП „Проаква“.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top