Тие ќе набават најмалку по три апарати кои им се неопходни за дијагностика.
Министерството за здравство заедно со фондот за здравствено осигурување на Македонија, одвои за струшките болници сума од годишниот буџет во висина од 107 милиони денари. Од ова сума треба да се обезбедат апарати за дијагностика кои им се неопходни на установите. За „Здравствен дом“ се издвоени 136 илјади денари. Средствата треба да се искористат за набавка на 3 апарати; за инхалација, апарат за дијагностика на слух како и еден за мерење масно ткиво.
За „Опшатата Болница“ се одвоени 760 илјади денари, од кои треба да се набават три приоритетни апарати: биохемиски анализатор, мерач за урина како и процесор за мамограф.
Директорите на двете здравствени установи велат дека се задоволни од сумата која за нивните потреби ги одвои министерството.
Инаку, средствата во висина од 107 милиони денари ги одреди Министерството за здравство, исклучиво за инвестирање во дијагностиката во здравствените установи низ целата држава. Нивната цел е со тоа да се овозможи поквалитетна дијагностика и здравствена заштита.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град