Министерoт Спасов ги посети летувалците во Струга

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов  денеска ги посети децата, летувалци во одморалиштето „ Мајски цвет“. Детскиот џагор го оживеа ова одморалиште, каде престојуваат деца од семејства со социјален ризик, од семејства приматели на социјална парична помош, деца без материјална помош, деца без родители, како и деца со пречки во развојот, во рамки на проектот за бесплатен одмор кој го спроведува Владата на Македонија.

 |  Николоска Биљана  | 

Пристигна петтата група деца во струшкото одморалиште „Мајски Цвет“. Како што кажаа и самите, одлично биле згрижени во овој објект на струшкото крајбрежје и се чувствувале среќни и задоволни.

Децата денеска ги посети и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Тој нагласи дека на децата им  обезбедуваат 7 дена бесплатно летување, каде тие се дружат, учат да пливаат и поминуваат незаборавни моменти на Охридското крајбрежје.

„За ова лето обезбедивме 2000 дечиња да можат да ја искористат оваа бесплатна услуга, да ги исполнат поволностите од проектот за бесплатно летување. Обезбедени средства се во износ од 8 милиони денари. Проектот продолжува да се реализира до крајот на летото, досега 1100 дечиња ова лето го имаат искористено овој проект и уште околу 900 ќе го искористат до крајот на летниот период“ – вели Спасов.

Проектот на Владата за бесплатно летување е добредојдена и за нас, вели директорот на одморалиштето „Мајски цвет“, Јован Паскоски. Додава, задоволство е да се гледа насмевката на децата, кои кога еднаш ќе дојдат, посакуваат повторно да бидат наши гости, бидејќи им нудиме солидни услови за одмор.

„На тие деца кои што престојуваат, ние организраме живото да им биде интересен . За секои активности имаме инструктори, така што за неколку дена децата учат да пливаат, имаме културно забавен живот со педагог“ – нагласи Паскоски.

Во моментов во детското одморалиште престојуваат 200 деца од повеќе градови од земјава. Заклучно со ова лето, проектот за бесплатно летување на децата од семејства во социјален ризик  кој се реализира од 2012 година, досега  го имаат искористено околу 11.000 деца.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top