Министерот за локална самоуправа ќе ги решева проблемите на општините

Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта во посета на општина Струга и центарот за развој на Југозападниот плански регион. „Од овие средби јас се информирам за секој проблем што го имаат градоначаниците“ истакна министрот Бејта.

 |  Татјана Маленкова  | 
Bejta i Merko
Bejta i Merko

Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта во посета на општина Струга и центарот за развој на Југозападниот плански регион. „Од овие средби јас се информирам за секој проблем што го имаат градоначаниците“ истакна министрот Бејта.

„ Како министер за локална самоуправа секој градоначалник што има проблем со централната власт може да ме информира за што јас сум спремен да дискутирам и да им помогнaм на општините. Со градоначалникот на општина Струга и претседател на Југозападниот регион разговаравме за многу проблеми како што е финасирањето на регионите и ветив дека заеднички во националниот комитет ќе дебатирам каде ќе учествуваат и претседателите на регионите, 1 насто од бруто производството да им следува на регионите“, истакна министерот за  локална самоуправа, Невзат Бејта.

Министерот истакна дека  тие пари треба да ги користат регионите со нивните центри. Тој додаде дека центрите каде членуваат сите општини треба да се децентрализираат, затоа што тие најдобро си ги знаат своите проблеми.
Министeрот и грaдоначалникот на Струга на средбата разговарале и за образованието и финасирањето со блок дотации. „ За овој проблем ќе се потрудам да му овозможам на градоначалникот да дојде и  проблемот да го образложи на некоја наредна седница на влада“, истакна министeрот Бејта.

Bejta i MerkoПокрај за образованието министeрот и градоначалникот Mерко разговарале и за проблемот со затоплување на просториите по основните и средните училишта, како и за средствата за транспорт на ученици кои во последниве две години без образложение биле намалени за повеќе од 70 %.

„ Разговаравме и да ДДВ кој за општните е мал. Сега е 3,5 % , но тоа е мал за да можат општините да работата позитивно. Рзговаравме за градежното земјиште за менаџирање кое ние во Струга со програмата која ја усвоивме и која треба да помине и во комитетот за градежно земјиште сме чекор напред“, истакна Мерко.

Министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта, покрај општина Струга денеска го посети Центарот за развој на Југозападниот плански регион во Струга, при што се интересираше за функционирањето на ова стручно и административно тело на Советот за развој на регионот. Во разговорот со директорот на Центарот за развој, Мирјана Лозаноска, министерот Бејта беше информиран за тековното работење, а акцент беше ставен на финаниските обврски што ги имаат преземено општините со цел да се обезбеди целосна фунционалност на оваа институција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top