Радождани по се изгледа ќе бидат приклучени на долго очекуваниот колекторски систем. Барем таков беше впечатокот од денешните изјави на првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко, и Министерот на ЖСПП Неџати Јакупи. Деновиве, како што е веќе познато, жителите на ова место го подигнаа својот глас кон надлежните. Тие јавно побараа нивниот децениски проблем да се реши и конечно да ги почуствуваат благодетите од приклучувањето кон колекторскиот систем, наместо да стравуваат од инфекции и зарази кои можат да ги добијат од загадената вода со фекалии. Јакупи рече дека проблемот со жителите на струшкото село Радожда му е познат. Тој вети дека лично ќе се залага во рамките на буџетските можности на државата да обезбеди средства како би се надминал овој горлив проблем.
И првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко рече дека треба да се излезе во пресрет на барањето на мештаните на Радожда кои оправдано стравуваат од зараза и болести. Факт е дека нема колектор, туку само секундарна канализација, која не може да го спречи влевањето на фекалии во тој дел од езерото, додава тој. Мерко веќе најави почеток на проект за приклучок кон колекторскиот систем.
Но, очигледно за овој случај и Мерко ништо не може да направи без помош од државата. Тој не испушти да го потенцира тоа.
Да се надеваме дека до наредната туристичка сезона и овие преостанати 4 км во Радожда ќе бидат приклучени кон колекторскиот систем. Иако, со точност не може да се констатира дека ќе биде така, останува времето да покаже, а за текот на настаните редовно ќе ве известуваме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град