Место пресуда, нова постапка

Завршниот судски претрес за Перо Шулески, обвинет за сторено кривично дело убиство, одложен. Судницата во Струга претесна за роднините на убиената Гулабинка Шулеска.

 |  Билјана Николовска  | 
sud Struga
Суд Струга


mesto na ubistvo
Осомничениот Перо Шулески кој се терети за сторено кривично дело убиство, останува во психијатриската болница Скопје. Имено, денеска во Основниот суд во Струга, требаше да се дадат завршните зборови по претресот на ова дело. Судскиот спор го водеше судијата Фатмир Даути. Застапникот на обвинението Фикрие Бектеши, поради утврдена друга фактичка состојба согласно доказната постапка, ја измени точката еден од законот за убиство, член 123, во која стои „тој што друг ќе лиши од живот ќе се казни со затвор од најмалку 5 години“ и вметна поригорозен обвинителен акт каде законот предвивува казна најмалку од 10 години или доживотен затвор.
Инаку трагичниот настан се случи пред шест месеци. Обвинетиот Шулески на 24.08.2009 година поради влошени семејни односи ја лиши од живот Гулабинка Шулеска. Убиството беше извршено на свиреп и подмолен начин. Имено, кобниот ден, Шулески криејќи се во гаражата од куќата, ја чекал Гулабинка да излезе за да оди на работа. Додека сега покојната се качувала на својот велосипед, Шулески, без повод извадил пиштол кој го поседувал нелегално и испукал еден куршум. Тој ја погодил во слабината. Кога и покрај повредата Гулабинка продолжила да го вози својот велосипед, обвинетиот испукал уште еден куршум. По кратко време испукал уште три од кои едниот кој ја погодил во главата бил смртоносен.
Бранителот на Шулески, Гоце Ибушески, предложи одлагање на судскиот процес бидејќи според него станува збор за ново дело. Барањето беше прифатено од судскиот тим. Нов претрес закажан е за 12 март оваа година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top