Црквата Св. Димитрија во Октиси сепак ќе се возобновува. „Проблемот кој се роди врз база на верска основа во ова село треба мирно да се надмине“ порачува отец Зоран Попоски.
Никој нема право да оттуѓи имот од МПЦ. Во Октиси ќе се гради светиот храм-црквата „Св. Димитрија“. По половина година од немилиот настан на 15-ти ноември, кога за време на поставувањето на темелите за црквата Св. Димитрија градежниот инспектор од Струга, а по налог на градоначалникот Рамиз Мерко, ги стопира активностите, донесено е извршно решение од страна на Министерството за транспорт и врски. Според хронолошкиот приказ на сите настани поврзани за возобновувањето на црквата Св. Димитрија, Отец Зоран Попоски вели дека овој Божји храм првично бил возобновен 1971 год. од страна на мештаните. Но, од забот на времето како и од немање на соодветна заштита, истиот се руинирал. Со цел спасување на ова верско обележје донесена е одлука од страна на МПЦ за негово повторно подигнување и тоа со комплетна изработка на проект и сета преостаната документација, додава отецот.
„Забраната за продолжување на активностите околу изградбата на црквата Св. Димитрија била изречена во неработен ден, од страна на надлежниот градежен инспектор, а по налог на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко“, вели Отец Попоски и додава дека забраната настапила и покрај приложените потребни документи за изградба, обезбедени согласно законската регулатива.
Тој рече дека целата постапка околу забеаната била сомнителна и се одолговлекувала, се до оваа сабота кога пресекол Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски.
„Очигледно, некои жители од Октиси имале за цел, местото кое што е сопственост на МПЦ, да го вратат во владение на Месната заедница на Октиси, како не би постоело православно обележје“, вели Отец Попоски. Како доказ за ова тврдење, Попоски приложи и документи и рече дека не постои основа за оттуѓување на ова место.
Самото значење на името на селото-Октиси кажува повеќе од се останато. Тое е име за место каде постоеле осум цркви, а е кованица изведена од грчките зборови окто-осум и еклисијас – цркви. Црквата во Октиси има свое место од 1000 метри квадратни и досега никој нема оттуѓено ниту дел, бидејќи не постои документ со таква евиденција. Отец Попоски апелира до жителите од исламска вероисповест да ја спуштат топката и порачува „Ако е потребно, оваа црква ќе се изгради и со надзор на службите за безбедност“
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град