Мерко пак претседател на Светот за развој на 13 општини

Рамиз Мерко, градоначалникот на општина Струга незаменлив на функцијата, претседател на Советот за развој на Југозападен плански регион. Тој доби доверба и наредниве две години да го води ова тело а со тоа да имплементира проекти кои се од голема важност за развој на вкупно 13 општини.

 |  Билјана Николоска  | 
Ramiz Merko
Рамиз Мерко

Продолжен манадатот на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Тој и наредниве две години останува претседател на Советот за развој на Југозападен плански регион. Мерко рече дека тоа е резултат на добрата работа и покажани резултати за минатите две години. Додава дека годинава во раце ги држи средствата одобрени од Владата, за уште најмалку 6 проекти кои се од голема важност за развој на регионот и примена на Законот за рамноправен регионален развој. 100 000 илјади евра веќе се обезбедени за селектирање на отпад и набавка на садови за сите 13 општини, вели Мерко. Тој се пофали дека во тек е набавка на 4 детектори за откривање на дефект во водоводно инсталациониот систем, кои детектори ќе ги користат Јавните претпријатија на општините Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

Како главен проект за надминување на проблемите кои се јавуваат во руралните средини е изработка на технички проект за фекална канализација за општините Вевчани, Велешта, Подгорци, Октиси и Долна Белица. Мерко рече дека за овој проект отворен е тендер и очекуваат да го добијат, за што после тоа треба да конкурираат и за средства за реализација на истиот. Додава дека овој проект е еден од најприоритетните.

Шест проекти за 13 општини на Југозападниот плански регион веќе се одобрени од Владата, а се во износ од некаде околу 250 000 евра. Мерко вели дека како претседатл на Советот за развој на Југозападниот плански регион ќе се залага да издејствува и повеќе проекти. Како што е познато советот е тело за усогласување и спроведување на политиките за развој и е посветен на јакнење на меѓуопштинската и прекуграничната соработка, како и на координација на главните субјекти во рамките на општините, кои работат на регионалниот развој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top