Мерко бара масовно тестирање во ризичните села

После големиот број на заболени од корона вирус особено  во Лабуништа,  каде веќе починаа пет лица,  потребно е скрининг тестирање за спречување на ширењето на вирусот.

 |  Соња Рилковска  | 

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко бара масовно тестирање за корона вирусот.После големиот број на заболени , особено во селото Лабуништа, каде е најкритично,  апелот  е скриниг тестирање  на  жителите во ризичните села.
Недоволни се тестовите кои се прават  во охридско струшкиот регион ,  дневно  од десет до петнаесет тестови на лица со епидемиолошки индикации.
Заклучно до вчера шест лица починаа во овој регион, најголем дел од нив , дури пет се од селото Лабуништа.

„Ги запревме да не извршуваат такси превоз, сите тие селски линии на транспорт на граѓани и сите такси превозници во градот . Така што и тоа беше една мерка која ја прифатија граѓаните во целост. Почнавме да работиме во поглед на помош на немоќните“, вели Рамиз  Мерко градоначалник на општина Струга.

Во Општата Болница – Струга започна  со работа првиот  епидемиолог за полесно справување со вирусот. Општината   подели 5000 маски  за граѓаните, а на терен работат и локалните  кризни штабови.
Веќе основавме и месни штабови, во сите населени места на струшката општина побаравме преку месните заедници, со лекари, полиција, фукционери да можат да се сретнат и да расправаат за секоја мерка која е потребна“, додава Мерко.
 
Кризниот штаб на општина Охрид во насока на спречување на ширење на вирусот  бара ограничено движење кон Струга. Повеќето  компании  од Охрид  побарале вработените  од струшко привремено  да не доаѓаат на работа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top