Ќе се менува Законот за игри на среќа

Измени на постојниот закон за игри на среќа. Со овој потег ќе и биде овозможено на Управата за јавни приходи да има постојан увид во реално време врз сите уплати и исплати кои ќе бидат вршени во овие објекти. Сопствениците на ваквите објекти се незадоволни.

 |  Мишел Наумоски  | 
oblozuvalnica
обложувалница

Сопствениците на казина, клубови со автомати и обложувалници добиваат нова давачка. Наместо досегашните 4 % од секоја уплата кои ги плаќаа на државата, сега ќе плаќаат паушал од 100 000 денари за секој уплатен објект. Ова е само преодно решение кое ќе важи во текот на оваа година. Вицепремиерот и Министер за финансии, Зоран Ставрески излезе со нов предлог Закон за игри на среќа. Овој закон ќе биде поднесен во Собранието на Р. Македонија и се очекува да биде донесен во наредните месеци. Истиот ќе стапи во сила на 1ви Јануари 2012 година. Новиот закон вклучува значајни измени во однос на стариот Закон за игри на среќа. Наместо досегашните 4 % по уплата кои ги плаќаа сопствениците на ваквите објекти, сега ќе плаќаат давачка во висина од 20 % од разликата помеѓу вкупните уплати и исплати. Лиценците пак за вршење на оваа дејност поскапуваат за 5 %.
Најголем новитет е тоа што сите компјутери на обложувалници, казина и други објекти за игри на среќа ќе бидат поврзани со единствениот компјутрески систем на Управата за јавни приходи. Со овој потег ќе и биде овозможено на Управата да има постојан увид во реално време врз сите уплати и исплати кои ќе бидат вршени во овие објекти. Се очекува овој потег да овозможи поголема контрола врз пазарот на игри на среќа кој е еден од најпрофитабилните, но и еден од најслабо контролираните.
„ За измената на овој закон нас никој не не консултираше. Ваквите одлуки треба да се носат дури откако ќе разговараме со надлежните од Владата. Ако се спроведе ваквата одлука, ќе мора да се намалува бројот на уплатни места, па и бројот на вработени“- рече Наум Јованоски.
Се укинуваат и просторните ограничувања што постоеја за спортските обложувалници, односно уплата и исплата ќе може да се врши од сите уплатни места. Иако зголемените давачки се минимални според Вицепремиерот, сепак сопствениците на објекти за игри на среќа се незадоволни. Тие велат дека со новиот закон дополнително било отежнато добивањето на лиценци за ваквите објекти. Поради тоа реакциите за новиот Закон за игри на среќа не стивнуваат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top