До 15 април ЈП „Охридски Комуналец“ ќе го подига медицинскиот отпад. Првиот човек на ЈП Сашо Алчев, вели, дека мора да се стави крај на незаконското работење и еднаш засекогаш да се реши овој горлив проблем.
Ништо од договорот со Министерот за Животна средина Неџати Јакупи и Локалната самоуправа. За овој проблем, во два наврати, се сретнале претставниците на директорите на ЈП, државниот инспектор за животна средина и градоначалникот на Охрид. Уште во месец септември, било договорено локалната да отпочне постапка за управување со медицинскиот отпад согласно законот, а министерот за ЖС Јакупи ветил дека финансиски за тоа ќе го помогне ЈП. До ден денес ништо од договореното, вели Сашо Алче, директор на ЈП „Охридски Комуналец“.
„Ние како јавно претпријатие припремивме терен на депонијата Буково кој требаше со финансиска поддршка на МСЖ да биде соодветно заграден, да бидат направени настрешници и тој простор да биде осветлен. За жал, до ден денес, тоа не е исполнето од страна на МЖС. Мојот основен принцип во работата е доследно почитување на законот“ вели Алче. Затоа биле известени сите медицински центри дека од 15 наредниот месец, ЈП нема да го собира медицинскиот отпад. Алче додава дека досегашниот начин на подигање на медицинскиот отпад, кој е утврден од страна на државниот инспектор за ЖС, е несоодветен, и е надвор од законот, притоа кажа и за неодамна исфрлениот медицински отпад од водите на Охридското Езеро.
Проблемот со медицинскиот отпад еднаш засекогаш мора да се реши вели Алче. Тој верува дека има доволно време и министерството и здравствените организации на територијата на општина Охрид, да реагираат за излез од оваа состојба.
Министерот за ЖС Неџати Јакупи во телефонски разговор ни рече дека овој проблем ќе се решава на интегрален начин за целата држава. А до тогаш, комуналните претпријатија треба да постапат онака како што е досега договорено и не постои друг начин во моментов, дециден беше Јакупи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град