Признанијата денеска им ги додели Министерката за образование и наука Мила Царовска.
Професорот Марјан Радески од Охрид, директор на ОУТУ „Ванчо Питошески“ е меѓу 4цата добитници на државното признание просветен работник за учебната 2019/2020 година.
Покрај Радески, признанието го добија и професорите Штефица Ујчик од Куманово, Добри Јовевски од Крива Паланка и педагогот Маринела Бошева од Скопје.
Признанијата денеска им ги додели Министерката за образование и наука Мила Царовска. Честитајќи им на наставниците кои со својот труд, креативност, иновативност и посветеност кон децата вклучени во училишно и предучилишно образование оставиле посебен белег, Царовска им посака и понатаму да останат високо мотивирани за работа и креативни. Посебно важно е во услови на пандемија просветните работници да не покажат слабост и немоќ, туку со сиот свој капацитет да се заложат воспитно образовниот процес непречено да се одвива и во вонредни околности какви што сме немале никогаш досега, посочи министерката.Оваа награда се доделува традиционално секоја година, а изборот на добитниците го прави Сојузот на просветни работници.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град