Маријачи во Струга

Маријачи музиката се негува од колено на колено. За да си во составот на маријачи бендот треба само да знаеш да свириш и да пееш убаво, велат маријачите кои синоќа ја посетија Струга.

 |  Билјана Николовска  | 
marijaci
маријачи

marijaciКултурата, традицијата и спецификата на Маријачи Империјал де Америка прифатена насекаде. Оваа група доаѓа од Тексас САД. Тие синоќа одржаа концерт во Струга на чаршискиот мост. Музичкиот спектакл стружани долго ќе го паметат. Оваа група е на мини турнеја во три града низ државава, Струга, Штип и Скопје. Американската амбасада е организатор на оваа турнеја. Аташето за култура на САД во Р. Македонија, Џон Сурфес, рече, „идејата е да се доживее различноста на културата што постои во САД“. Додаде, дека концертот се одржал во Струга поради тоа што овој град е типичен пример на различност во културите.
Семејната маријачи музика е во рацете на Хосе Лонгорија, кој е водач на 8 члената група. Тие свират традиционална маријачи музика, но во зависност од настаните интерпретираат и помодерни песни. Тие се четврта генерација и традицијата ја продолжува неговиот син, кој има само 7 години.
Маријачи музиката се изведува со срце и душа. Вилијам Холфман свири трумфети и пее во овој октет. Тој е воодушевен од прифатеноста на нивната музика, и вели дека „за да си член на овој бенд има два предуслови, да се свири убаво и да се пее“.
Оваа група во САД ужива голема популарност. Балканската турнеја ја започнале од Албанија и секаде каде што настапиле досега биле многу добро пречекани и прифатени. Тие во Македонија се за прв пат и општите впечатоци им се дека луѓето се многу гостопримливи. Освен што вчера ја разгледаа Струга настапија и во СОУ „Нико Нестор“ со получасовна програма.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top