Во Струга во ренген оделението расте бројот на пациентки кои вршат превентивни прегледи.
Кампањата која се спроведува уште од 2007 година позитивно се одразува во средината во која живееме.
Во струшкиот регион, од тогаш па се до денес бројот на пацинети кои направиле мамографија изнесува 1 447. Се прегледуваат жени од различни возасти, информираат стручните лица.
Како и секоја болест така и карциномот на дојка, може да се излечи доколку превентивно и навреме се делува. Освен првиот преглед, пациентите мора задолжително да се придржуваат на нашите препораки. Доколку има потреба од дополнителни прегледи или терапии, мора да го применуваат тоа, вели доктор Руждие.
Голем е бројот на превентивни прегледи кај женската популација. Бидејќи на мамографските прегледи доаѓаат пациентки од соседните градови, мора претходно да се закаже термин за тоа, информираат од Општата болница.
Пратеничката канцеларија на Лилјана Затурска во соработка со Општата Болница од Струга, повторно покрена иницијатива за подигнување на свеста кај жените, да направат мамогравски преглед и да се заштитат од карцином на дојка. Апелираат до сите жени да бидат дел од кампањата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град