Детекција на состојбата во Струга околу малолетничкото престапништво. Струшките пратеници немаат увид за состојбата во општината на ова поле бидејќи немаат никаква информација од Локланата самоуправа. Информации добивале од невладиниот сектор, полицијата и делумно од ЦСР а потребна била соработка од сите институции со цел да се превенира оваа појава, која на ниво на државата е во значителен пораст дури за 19%.
Малолетничкото престапништво во пораст. Тоа го зборува извештајот за 2013 година од државниот Совет за превенција на детско престапништво, кој изнесол фрапантни податоци. Точно тоа бил мотивот и идејата на струшките пратеници во Собранието на РМ да организираат една трибина во Струга во присуство на сите претставници кои се засегнати од појавата на малолетничко претстапништво, со цел да се осознае колку е алармантна состојбата во општината на ова поле.
„Според извештајот сакам да детектирам дека најслаба алка на ова поле е Локалната самоуптрава која покажува мошне слаб интерес кон превенирањето и решавањето на ваков вид појави кои што се појавуваат во нашето општество. Јас се надевам дека Локалната Самоуправа во Струга успешно се справува со овие проблеми но треба да не почестат со едно соопштение или една изјава за тоа каква е состојбата во Струга затоа што според претседателот ваквите појави за разлика од 2012 година во 2013 се зголемил за 19%“ – вели Затуроска.
Пратеникот Момчило Аврамоски нагласува дека проблемот со малолетничкото престапништво е комплексен, сериозен и зависи од многу фактори, но треба да се реши. Според него за изградба на една млада личност влијаат повеќе фактори и претставува комбинација на влијание, семејство, училиште и надворешна средина.
„Тоа зависи најмногу од родителите и семејството. Детето се раѓа еден психијатар познат на Балканот Марковиќ вели дететосе раѓа како глина, родителите се уметници значи тие со своите способности, желба и стручна поставеност кон развојот на своето дете ќе ја обликуваат таа глина односно ќе го обликуваат своето дете и од нив ќе зависи како ќе почне да се развива тоа дете. Значи семејството е стожер основа на развојот на едно дете“ – изјави Аврамоски.
Според пратеничката Нола Исмајлоска луѓето имаат поголема доверба во невладиниот сектор отколку во полицијата да зборуваат за малолетничко престапништво.
„Значи имаме неколку државни институции кои што помагаат но големе е значењто наше како активни учесници во животот дали на Струга дали на РМ да им пристапиме на овие деца“ – рече Исмајлоска.
Злоупотребата на интернетот, посебно социјалните мрежи во денешно време е голема закана за децата сметаат од невладиниот сектор. Драгица Павлеска Попеска посебно ја истакна појавата на трговија со луѓе каде има и малолетници кои од источниот крај на земјава доаѓаат во западниот дел и тоа на возраст од 13,14 и 15 години.
„Сведоци сме дека многу деца, жртви на педофилите ги нашле преку социјалните мрежи. Наставниците и градинките си ја бркаат работата но родителите не водат никаква грижа за децата и велат да заодат на школа учителите да им го берат гајлето“ – нагласува Попеска.
Попеска ја нагласи добрата соработка со ЦСР, полицијата и Советот за безбедност од Охрид. Таа укажа дека во Струга многу недостасуваат згрижувачки центри и на пратениците им посочи со своето влијание да излобираат до Централната власт да се направи нешто на ова поле. Од друга страна пак претставниците од руралните месни заедници од Струга сметаат дека од ЦСР не пристапуваат сериозно кон решавање на проблемите поврзани со малолетничко претстапништво. Од таму пак со одговор дека имаат кадровски дефицит, недостасуваат капацитети за сместување на децата кои се инволвирани во оваа проблематика и заради тоа не можат доволно да се посветат на решавање докрај на проблемите. По се изгледа струшките пратеници треба добро да ги засукаат ракавите и да одговорат на дел од потребите кои денес им беа посочени на трибината, со цел да може на некоков начин институциите да делуваат во превенирање на малолетничкото престапништво.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град