Да се слушне името меѓу првите тројца на светска Олимпијада за генијалци во Америка, е чуство кое не може да се објасни со зборови туку треба да се доживаее, вели Зафер Муарем, кој се закити со сребро на годинешната олимпијада. Дел од нашите генијалци го освоија и бронзениот медал и добија стипендии за колеџот во Америка.
Македонските генијалци, покажаа како кантариoнот ги убива бактериите во човечкиот организм. Тоа на средношколците од приватниот колеџ Јахја Кемал, од Струга им го донесе второто место на Олимпијадата за генијалци која и оваа година се одржа во Освего универзитетот во САД. Јас и мојата другарка постојано бевме окупирани со тоа како нашата идеја да ја преточиме во стварност, вели Зафер Муарем ученик во „Јахја Кемал“. Тоа практично и го докажавме, со денови и ноќи работевме на нашиот пронајдок и во тоа успеавме, се надополнува на него и неговата другарка со која ја дели наградата, Озлем Зекманоска.
„Ние се натпреварувавме за наука и иновација, ние направивме еден проект со другарка ми за кантарија, и пративме таму не примија и не поканија да одиме таму Имам учествувано и на други натпревари ама ова беше на многу високо ниво, дури ни сама не можев да замислам дека сум таму“.
Дел од учениците покрај во Њу Јорк, учествуваа и на натпреварување во Хјустон Тексас. Тоа искуство го пренесуваат Хакан Јахја и Елиф Шемо. Велат дека печат од овие натпреварувања за нив е другарството, искуството со нивни сооченици од сите земји во светот.
„Ние имавме направено проект за производство на хартија од лушпи од јаболко. Проектот беше за зачувување на екологијата. Според нашите истражувања ние најдовме дека во јаболкото има целулоза која е највитна за производатво на хартија
„Почнав да размислувам на студии да одам во Америка, откако видов како е овде на натпреварувањето . Би студирала медицина.
Стружанката Ангела Бушеска ученичка во прва година во „Јахја Кемал“, освои бронзен медал на олимпијадата, во делот на зачувување на природата и развиток на екологијата. Исто така таа се стекна со стипендија за учество на колеџот во Америка.
„Мојот проект беше создавање на еден посебен вид на град, близок до природата, воедно и паметен град кој ќе ги реши голем број на проблемите на луѓето кои живеат во овој период, намалување на загадувањето, воедно намалување на електричната енергијаи да се зачуваат обновливите извори на енергија“
Генијалците од Јахја Кемал во Њу Јорк беа 8 денови. Во рамки на тој престој имале можност да ги посетат Нијагарините водопади. Велат дека, секое искуство е од големо значење за нив, посебно кога е од светски рамки. Но најголем печат за нив е тоа што на денот на прогласувањето на најдобрите, ги развиориле македонските знамиња.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град