Македонија на енергетски план, подготвена за ЕУ

Македонскиот синдикат на енергетските компании, делува без проблеми. Тоа значи дека правата на работниците во трите компании кои се во делот на енергетиката, ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН,а кои имаат потпишано договор со енергетскиот синдикат, се комплетно заштитени.

 |  Билјана Николоска  | 
trkalezna masa-sindikati
тркалезна маса -синдикати

trkalezna masa-sindikatiМакедонските енергетски компании се на добар пат кон Европската Унија. Овие два дена во хотел „Бисер“, во Струга, се одржува тркалезна маса со претставници на синдикатите од Југоисточна Европа. Тука се разменуваат мислења во делот на социјалниот дијалог за енергетските компании во регионот. Претседателот на Конфедерација на слободни синдикати Раско Мишковски рече дека денешниот состанок воедно е и подготвителен состанок на синдикатите, за наредните чекори за остварување на правата на работниците во делот на енергетските компании. Тој додаде дека секое искуство е добредојдено, но дека сепак македонскиот енергетски синдикат не се соочува со проблеми кои ги имаат останатите индустрии.

Потврда дека Македонија е на добар пат кон постигнување на саканото ниво на социјален дијалог и колективно преговарање и остварување на работничките права во однос на земјите од регионот, даде заменик генералниот секретар на Европската федерција на синдикатите Јан Вилем Гурдијан. Тој рече, дека досега Македонија како член на енергетската заедница на Југозападна Европа успешно и навремено ги реализира сите барања и обврски кои мора да ги исполни како земја кандидат за влез во Е.У.

Гурдијан потенцира дека со оглед на престојната либерализација, отварање на енергетскиот пазар како во регионот, така и во земјава, сакаме да видиме дека Владата целосно ги инволвира синдикатите во донесувањето на одлуките и ги консултира. Додаде дека македонскиот синдикат треба да биде на исто равниште и да учествува со другите заинтересирани страни во делот на подобра заштита на нивните работници во иднина, како и нивна преквалификација и се што е составен дел од социјалната агенда и од законот и колективните договори. Во спротивно, доколку дојде до непочитување на одредбите од социјалниот дијалог и синдикатите како репрезентативен и еднаков по важност социјален партнер во Р.Македонија, не се почитуваат, тогаш ние ќе ја искористиме нашата моќ како признаен социјален партнер во Е.У. и ова прашање ќе го покренеме пред европската комисија, рече Гурдијан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top