SEPCA е асоцијација на полициските служби од регионот каде што се вклучени директорите на полициите и нивните кабинети, со цел заедничко делување во регионот за сузбивање на организираниот криминал.
Главни проблеми со кои се соочуваат земјите од регионот се: трговијата со дрога и луѓе, финансискиот криминал, корупцијата во администрацијата на институциите и тероризмот. Ваквиот став го делат директорите на полициските служби на Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Тие денеска се состанаа во Охрид, во чест на превземањето на претседателството на SEPCA на македонскиот директор за бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски. Тодороски како претседател на SEPCA, рече дека приоритет во неговото делување ќе биде ангажман за зачленување во Асоцијацијата на нови земји како што е тоа Италија, Австрија и Турција. Додаде дека ќе се посвети на реализација на дваесетина проекти кои се однесуваат за сузбивање на организираниот криминал. Тодороски кажа збор два за црните зони во регионот.
Златко Милетиќ директорот на полициската служба во Босна и Херцеговина рече дека претседателството на SEPKA годинава паднало во сигурни раце. Тој рече дека регионално досега успешно делувале во справување со разни облици на организираниот криминал преку бројни акции, но како проблем на иднината е изнаоѓање одговор на прашањето со вахабизмот.
Хрватскиот директор на полицијата Оливер Грбиќ како сериозен проблем во неговата земја ја потенцира корупцијата во администрацијата на институциите, што SEPCA во иднина мора да го има во предвид.
Црногорската полиција продолжува да биде верен партнер во јакнење на меѓународната соработка за регионално делување во сузбивање на организираниот криминал“, рече црногорскиот директор на полиција Веселин Вељовиќ.
Директорите на земјите во Југоисточниот регион, членки на SEPCA, сметаат дека безбедносната состојба во регионот е стабилна благодарение на големата соработка, што постои помеѓу нив. Делувањето на криминогените групи во регионов воглавно се сведувало на идентичен начин на дејствување на организирани групи во разни земји.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град