Билатералниот додовор меѓу Македонија и Албанија спас за охридските ендемични видови риба. Во спротивно црно и се пишува на охридската пастрмка па и белвицата, предупредуваат спортските риболовци од Охрид.
Апетитите на рибокрадците не се задоволија со истребувањето на пастрмката, сега посегаат и по белвицата. Состојбата со рибниот фонд во езерото е хаотична, тврдат охридските спортски риболовци. Оваа констатација не ја негираат ниту од охридскиот Хидробиолошкиот институт. Неодамна првиот човек на оваа установа, Гоце Костоски рече дека физичката заштита на езерото е една од неопходните мерки која треба да се преземе, посебно од албанската страна на езерото, каде ловот на оваа риба е немилосрден. Тој хипотетички кажа под кои услови може да се врати овој вид во водите на Охридското езеро.
Претседателот на охридските спортски риболовци Радован Димитриески, вели дека изјавите кои ги слушаат во последно време од страна на одговорните луѓе на Хидробиолошкиот завод се само оправдување кое неможе да се прифати.
Димитриески открива дел од работата на Хидробиолошкиот институт од пред пет години. Тој рече дека тогашното недомаќинско управување со рибниот фонд во езерото, резултирало со катастрофате со која денес се соочуваме.
Напорот да се врати охридската пастрмка во Охридското езеро по пат на вештачкото оплодување треба да се поздрави, вели Димитриески. Но, тој е дециден дека доколку навреме не се превземат потребните чекори, пред се реализација на бројните казни на рибокрадците, лошо му се пишува на рибниот фонд во езерото.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град