Лоша патна инфраструктура до струшко Калишта

Струшкото село Калишта, заборавено од државата, се жалат мештаните од ова село. Тие укажуваат на бројни проблеми кои надлежните треба да ги решат. Велат не треба само пред избори да се ветува и да не се исполнува, бидејќи бројните туристи има што да видат, лоша патна инфраструктура и смет од двете страни на патот.

 |  Николоска Биљана  | 

Трикилометарскиот пат од Струга до Калишта преполн со дупки. И покрај најавата и ветувањата на владеачката гарнитура на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ дека овој патен правец ќе биде асфалтиран, до ден денес останаа само празни ветувања, реагираат мештаните на оваа туристичка населба. Претседателот на МЗ Урим Јусуфи вели дека повеќе од 4 децении откако е направен хотелот Бисер не било инвестирано во патна инфраструктура во нивното село.

„Како што гледате, дупките се полнат по пат на тендер, а можеби тоа чини и повеќе од асфалтот нов што требаше да се постави. Немам доверба повеќе дека ќе биде асфалтиран патот, тоа е безобразлук, бидејќи од Централната власт велат дека е асфалтиран патот дури и премиерот Груевски има кажано дека патот е асфалтиран а ништо од тоа гледате и сами“.

Проблем на овој патен правец се и депониитекои се забележуваат од двете страни на патот, кои пак дополнително оставаат лош впечаток не само за мештаните туку и за бројните туристи кои овој пат го користат за да стигнат до неколку хотелски комплекси.

„Секаде се приватни имоти, но не смеат така да го фрлаат отпадот покрај патот. Сите се жалат, па и туристите. Прашуваат што со овој смет од каде доаѓа кој го фрла…“, рече Рини Садику -угостител од Калишта.

Мештаните велат дека Калишта е заборавено од државата. Познато е дека тие сами со донаци од гастербајтерите како и со спонзорство од приватните фирми успеваат да закрпат по нешто. Велат овој патен правец за рекреација со велосипеди го користат холандските туристи кои се најбројни, дури и тие забележувале дека ова место е запуштено и дека надлежните не водат доволно грижа за истото. Инаку овој пат е од големо значење за туризмот бидејќи води до големите хотелски капацитети како што се Бисер, Изгрев, Макпетрол, камп населбата Ливадиште, Треска и туристичко – рибарската населба Радожда.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top