Лоша состојба со двете пешачки патеки во Струга. Стружани сметаат дека локалната власт треба посериозно да се посвети за нивно доуредување, да ги доизгради и осветли, и комплетно да ги среди.
Двете пешачки патеки во Струга горлив проблем за стружани. Едната се протега од Евро хотелот до одморалиштето на Црвениот Крст, Солферино, а другата пак од хангарите на струшкиот веслачки клуб до туристичката населба Калишта. Стружани сметаат дека локалната власт не води доволно грижа за одржување на истите. Тие посебно реагираа за онаа што води до Калишта, посочувајќи дека истата е обрасната со трева, со што, во овој период на зголемена појава на змии, претставува потенцијална опасност за рекреативците.
Од Локалнхата самоуправа со оптимистички најави. И од таму се свесни дека пешачките патеки не се во добра состојба и дека треба поголем ангажман од нивна страна за средување на овие рекреативни зони, по кои освен стружани се движат и голем број туристи.
„Изготвен е проектот за патеката Струга – Калишта, имаме готов проект со кој што треба да аплицираме за средства за местата акде што се руинирани да се средат како и осветлување на целата аптела од Евро хотел до Калишта- нагласи раководителот на секторот за урбанизам Ресул Хани.
Покрај вложувања во двете пешачки патеки, изработен бил и проект за изградба на велосипедски патеки. Ова решение за брзо време ќе се реализира во централното градско подрачје, потенцира Хани и со тоа стружани ќе добијат можност покрај пешачење, да се рекреираат и со велосипед.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град