Локалните самоуправи ќе помагаат за побрз влез на Македонија во ЕУ

„Локалните се на добар пат во спроведувањето на европските барања, но треба да се зголеми соработката со централната власт за резултатите да бидат поголеми“, вели градоначалникот на Вевчани, Васил Радиноски.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Vevcani
Vevcani

„Локалните се на добар пат во спроведувањето на европските барања, но треба да се зголеми соработката со централната власт за резултатите да бидат поголеми“, вели градоначалникот на Вевчани, Васил Радиноски.

„Одиме и локално“ е насловот на проектот во кој се става акцент на улогата на локалните институции во процесот на евроинтеграциите на Република Македонија. Денес, на оваа тема претставници од Владата, Локалните самоуправи и граѓани разговараа во општина Вевчани.

„Локалните се на добар пат во спроведувањето на европските барања, но треба да се зголеми соработката со централната власт за резултатите да бидат поголеми“, рече градоначалникот на Вевчани, Васил Радиноски.

VevcaniВицепремиерот Ивица Боцевски вели дека во иднина уште повеќе ќе се зголеми соработката на Владата со Локалните самоуправи. Тој објаснува дека нема успешна централна власт доколку општините не постигнуваат позитивни резултати.

Еден од условите за влез на Македонија во ЕУ е успешно спроведениот процес на децентрализација. Градоначалниците велат, „иако генерално Европа е задоволна како кај нас се одвива процесот, реално секојдневно се сретнуваме со голем број проблеми кои постепено треба да ги решаваме“.

Вакви средби се предвидува да се реализираат и во останатите општини во државава. Проектот „Одиме и локално“ треба да заврши до крајот на годинава.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top