Патриотизам или договор. Струга е единствена општина во Македонија која работи без статут. Струшките советници никако да се договорат околу донесувањето на највисокиот општински акт, сататутот. Јулијана Зуноска од советноичката група на ВМРО – ДПМНЕ, го изнесе ставот на својата опција, каде децидно нагласува дека тие воопшто не се против донесување на статут на општината, но се против копијата на истиот кој падна на Уставен суд.
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, смета дека потребна е подетална консултација меѓу сите засегнати страни. Според него албанскиот јазик и неговата употреба како службен јазик, воопшто не би требало да биде пречка за донесувањето на статутот.
Хинор Кица од Нова Демократија, смета дека меѓусебното респектирање во врска статутот и надминување на проблемот е една од основните девизи за влез во ЕУ.
Сепак од ВМРО- ДПМНЕ, категорични се дека не се против употребата на албанскит јазик за службен, туку само дека бараат почитување на Уставот. Употребата на албанскиот јазик во Струга засега останува непремостива препрека за коалициските партнери на централно ниво, ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град