Локацијата кај струшките муслимански горбишта се уредува.

Сакаме овој простор да биде достојно место за погребување, велат иницијаторите на акцијата.

 |  Колоска Билјана  | 
Petko Kutanoski
Петко Кутаноски

Сакаме овој простор да биде достојно место за погребување, велат иницијаторите на акцијата.  

muslimanski grobishtaПросторот кај струшките муслимански гробишта интензивно се расчистува. Граѓаните одганизирано по своја воља превземаат активности за расчистување и уредување на просторот околу муслиманските гробишта. Иницијативата ја покрена генералот Адил Газафер, чиј син почина пред два месеци. Сакам неговиот вечен дом да биде уреден и овој простор да наликува на достојно место за погребување на сограѓаните, низ солзи кажува Газафер. Сите активности кои се превземаат ќе бидат покриени со средства на граѓаните на Струга и селата,  како и нашите роднини и пријатели кои живеат во  странските земји, истакна соговорникот.
„Од стружани веќе имаме собрано одредена сум средства, исто така и од странците. Само од печалбарите во Америка се собрани 30 илјади долари. Очекуваме цифрата да се искачи на  50 илјади долари. Средствата освен за активностите, ќе се користат и за одржување на гробиштата во наредните 5-6 години“-истакна Газафер.

На оваа локација по расчистувањето на просторот од исечените дрвја и грмушки, предвидено е истиот да се загради со бетонска ограда и да се насадат зимзелени дрвја. На истиот потег ќе биде изградена и капела.

Иако муслиманските гробишта не се под капа на Јавното Комунално претпријатие сепак ние им стоиме на располагање за било кава помош, околу уредување на овој простор, вели директорот Петко Кутаноски. Информира оти во моментов околу уредување на просторот помагаат привремено вработените лица во претпријатието.
Активностите предвидено е да завршат  кон почетокот на месец јуни, идната година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top