Љупчо Милошески ја претстави монографијата „Од Љубанишча до Дебор“

Млад стружанец колекционер на народни носии, издаде Монографија „Од Љубанишча до Дебор“. Монографијата содржи фотографии од невестински носии од крајот на 19 и почетокот на 20 век, 12 етнички предели од брсјачката и дебарско – реканската етнографска целина.

 |   | 

Народните носии автентични за Југозападниот регион во земјава собрани во Монографија „Од Љубанишча до Дебор“. Автор е млад стружанец, колекционер, кој од своите 15 години започнал со собирање на народни носии. Монографијата содржи фотографии на невестински носии од крајот на 19 и почетокот на 20 век, 12 етнички предели од брсјачката и дебарско – реканската етнографска целина. Станува збор за вистински ремек дела, кој ја отсликуваат креативноста на жените од регионот.  

Успеав да соберам една така побогата колекција која ја претставив во монографија. На монографијата се работеше околу година и пол заедно со професорот Владимир Јаневски и дојдовме до идеја таа монографија да се испечати и да се промовира на јавноста – вели Љупчо Милошески автор на монографијата.

Зачуваните примероци со сето свое богатство, изразено во разновидноста на облеките, начинот на нивното украсување, орнаменталните композиции се дел од националното културно богатство. Милошески носиите ги собирал со години одејќи од куќа во куќа низ селата во целиот регион. Тие сега соодветно се чуваат за идните генерации.

Тоа беше главна инспирација за монографијата бидејќи Дрим е тука во Струга, а идејата беше да се соберат сите носии од етничките предели по течението на Дрим, почнувајќи од изворот кај Св. Наум до Дебар каде истекува Дрим – додава Милошески.

Народните носии во земјава се дел од културата на македонскиот народ и претставуваат значајна гранка од народното уметничко творештво. Тие се слика на богатиот духовен живот проткаен со безброј емоции низ вековите, одраз на сите страдања и болки, радости и токму затоа е потребна поголема грижа за нивно чување и презентација.

 

 

Новинар Соња Рилковска

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top