Љубезни додека добијат пари, а потоа арогантни

Потрошувачите реагираат на непочитување на нивните права.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого

Понудувачите на услугите забораваат да бидат љубезни  кон своите потрошувачи. Односот кон купувачите е на високо ниво се додека тие платат за услугата. Доколку потрошувачот е незадоволен,  веднаш  продавачите стануваат  арогантни и не ги почитуваат правата на потрошувачите.

prodavniciОд советодавното место за заштита на потрошувачите при општина Струга велат дека  арогантниот одност на продавачите кон потрошувачите е најчесто причина поради која реагираат тие до нив.
Тие пак, како најљубезни  ги истакнуваат продавачите на пазарот. Тезгаџиите се крајно внимателни како се однесуваат кон своите муштерии.

Дел од понудувачите или продавачите  знаат  колку е значаен коректниот однос кон потрошувачите и многу  внимаваат како да привлечат муштерии.

Доколку во било каков случај, потрошувачите наидат   на некоректен однос од продавачите или пак се оштетени, тогаш тие имаат право да се обратат до советодавното место за заштита на потрошувачите.
Од таму превземаат мерки, пријавувајќи ги случаите до надлежните инспекторати.  Ваквите забелешки граѓаните на Струга можат да ги пријавуваат во просториите на општината, каде воедно се канцелариите на советодавното место за заштита  на потрошувачите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top