И оние граѓани со плиток џеб можат да си овозможат летување. Има аранжмани со многу прифатливи цени, информираат од туристичките агенции.
И оние граѓани со плиток џеб можат да си овозможат летување. Има аранжмани со многу прифатливи цени, информираат од туристичките агенции.
Стружани имаат длабок џеб. Можат да одвојат од свој семеен буџет за зимски или летен одмор. Ова го го кажуваат туристичките агенции но потврдуваат и самите граѓани.
„За разлика од годините наназад, граѓаните полека стекнуваат навика летниот одмор да го поминат надвор од нашата држава. Не радува фактот што стружани се повеќе летуваат со своето семејство, земајќи ја во предвид динамиката на секојдневието“, велат од туристичката агенција „Оскар травел„
Секој граѓанин може да си дозволи летен одмор доколу има солидни месечни примања. За разлика од минатото кога патувањето надвор од државава беше луксуз, сега тоа не е така. Има многу прифатливи аранжнмани и за граѓаните со плиток џеб.
И покрај актуелните случување со нашиот сосед од Грција, сепак патуваат за оваа земја се едни од најбараните. Граѓаните интерес покажуваат и за летување во Турција како и Црна Гора, информираат од агенцијата „Оскар травел“.
На стартот на сезоната веќе 45% од аранжнманите веќе се откупени, додаваат од таму. Годиниве наназад граѓаните одбегнуваат да патуваат на своја рака, туку ги користат услугите на агенциите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град