Двајца ученици од приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во Америка освија сребрен медал.
Средното училиште „Јахја Кемал“ се закити со сребрен медал. Двајцата учениците од ова приватно училиште, Александра и Жарко, преку проектот за лековитото својство на цвеќето невен, во САД ја издигнаа Македонија на врвот . На собирот во Америка кој имаше натпреварувачки карактер, двајцата ученици се претставија со проект од микробилогија и биохемија „Производство на секундарни метаболити кај невенот“. Проектот е изведуван во инвитро услови, со различни концентрации на силицилна киселина.
„Невенот кај нас е популарно растение. Баба ми прави масло од невен и го употребува кога има болка во увото…. тоа навистина помага. Така се заинтересиравме за ова растение и сакавме да видиме дали неговите лековити својства может да се зголемат“-вели ученичката Александра Дејкоска.
Проектот за лековитото својство на невенот е работен околу 8 месеци, кажуваат учениците. Вложениот труд навистина ни се исплати, додааваат тие.
„На натпреварот, проектот ни го оценуваа 9 судии и секој даваше поединечна оценка. Крајниот резулатат беше сребрен медал, во конкуренција на натпреварувачи од 60 држави“-кажува Жарко Данилоски, вториот учесник во овој проект.
Оваа награда воопшто не е изненадување за портпаролот на ова улилиште Сурија Таук и додава:
„Досега ПСУ „Јахја Кемал“ има освоено многу награди на светско ниво. Секаде, каде што учествуваме на натпреварите низ целиот свет, ние не се претставуваме само како приватно училиште „Јахја Кемал“ туку и како претставници од Македонија“.
Тоа што учениците од ова училиште постојано добиваат награди, за надлежните претставува дополнителен мотив за усовршување на образовниот процес. Од следната учебна година очекуваат бројот на освоени признанија и медали да биде двојно поголем.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град