Куќата на Ќатовци во струшката чаршија ќе продолжи да се распаѓа

Завод и музеј не може да ја заштити ниту да ја конзервира Куќата на Ќатовци во струшката чаршија, бидејки нема согласност од сите сопственици. Најстарата струшка куќа во среде чаршијата со години претставува опасност за минувачите.

 |   | 

Завод и музеј не може да ја заштити најстарата струшка куќа, која се распаѓа во чаршијата. Куќата изградена пред 150 години, со автентични чардаци, сведок на старата градска архитектура, не може да биде конзервирана бидејќи нема согласност од сопствениците. Имено, еден од семејството Ќатовци бара заштита, но неговите роднини не даваат согласност.

Директорот на Заводот вели во ваква состојба при нарушени имотно правни односи не можат да преземат никакви мерки освен преговори со сопствениците да се согласат за заштита, реставрација и конзервација на куќата.

Заводот и музеј не е во можност да ги започне процедурите за ставањепод заштита на самата куќа. Тоа значи под број еден да се разработи детална техничка и фотодокументација на целиот објект.Снимање на фасади ентериери итн. За тоа мора да има согласност од сите  сопственици на куќата за жал има интерес од еден од сопствениците но нема од страна на другите и ние сме спречени да извршиме снимање и да изготвиме решение за заштита на куќата – вели Мишко Туткоски директор на Завод и музеј Охрид.

Во Струга од вкупно 12, досега конзервирани и заштитени се шест автентични староградски куќи споменици на културата. После заштитата на куќата на Миладиновци, Владо Малески и Коџоман идната година ќе се конзервира зградата на Народна одбрана.

Ние не можеме повеќе реално терба поголем капацитет на луѓе на финансиски средства итн. Доколку ние работиме сотемпо  реставрација на една куќа годишно, тогаш би било одлично Струга за само неколку години ќе ги има сите објекти, заштитени реставрирани и конзервирани – додава Тутковски.

Секојдневно демне опасноста куќата на Ќатовци да се сруши, а со тоа да ги повреди минувачите во струшката чаршија. Додека се изнајде решение за  заштита, се бројат деновите, кога чардакот ќе падне, а со тоа Струга ќе ја изгуби најстарата и најавтентичната куќа во чаршијата.

 

Новинар : Соња Рилковска

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top