Деновиве КУД „Дримкол“ од Вевчани учествува на фестивал во градот San Giovani in Galdo во Италија. Во своето гостување друштвото оддржа 3 целовечерни концерти пред многубројна публика во градовите Ripalimosani и San Giovani in Galdo каде ги претстави богатата македонска народна носија, изворните инструменти како и изворните кореографски постановки.
Деновиве КУД „Дримкол“ од Вевчани учествува на фестивал во градот San Giovani in Galdo во Италија. Во своето гостување друштвото оддржа 3 целовечерни концерти пред многубројна публика во градовите Ripalimosani и San Giovani in Galdo каде ги претстави богатата македонска народна носија, изворните инструменти како и изворните кореографски постановки. Во рамките на турнејата ќе се оствари и посета на вечниот град Рим.
Како национално богатство на Република Македонија, ова Вевчнаско здружение се афирмира себеси и ја афирмира нашата држава , а преку реализирањето оваа турнеја уште еднаш го потврдува својот статус-Амбасадор на вевчанската и македонската култура и традиција.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град