Куче скитник во Струга, нападна 12 годишно девојче

Куче скитник во Струга, нападна 12 годишно девојче и му нанесе тешки повреди.

kucinja
кучиња

Куче скитник во Струга, нападна 12 годишно девојче и му нанесе тешки повреди. Загрижениот родител, алармира до институциите да превземат мерки против оваа појава. Од јавното комунално претпријатие, сепак потврдуваат дека проблемот со кучиња скитници е навистина алармантен и работат на негово санирање.

Денеска во раните утрински часови, куче скитник нападна дете. Имено, станува збор за 12 годишната Шеи Шпетиме, ученичка при основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Струга. Секојдневието на ова дете, денеска се претвори во трагедија.

kuce„Одејќи на училиште, таа брутално беше нападната од големо црно куче скитник, кое без никаква причина се нафрли на моето девојче и грубо  го искаса“, во шок раскажува таткото на оваа жртва.

Од инфективната клиника при Општа болница Охрид, потврдија дека над девојчето е извршена интервенција, и потврдуваат дека има повреди на натколеницата, нанесени од забало на куче. Дадена е соодветна антитетанусна терапија, меѓутоа не и антирабична профилакса, која е неопходна во овие случаи.

„Ова навистина нам ни претставува голем проблем, бидејќи сите случаи од ваков вид, само за една вакцина, сме принудени да ги препраќаме во инфективна клиника во Скопје, вели Др. Лидија Љаткова.

На проблемот со кучиња скитници ТВМ работи веќе подолг период. Неместо да се превземаат мерки за негово решавање, граѓаните дознаваат дека во Охрид и Струга се носат кучиња скитници од другите градови во државава. Ова го потврдува и првиот човек на ЈП Комунално од Струга, Петко Кутаноски кој вели дека ваква појава, на организирано носење на кучиња скитници веќе е регистрирана во Струга.

Да се надеваме дека овој случај ќе ги алармира надлежните институции, конечно да превземат ригорозни мерки во оваа насока. Дотогаш граѓаните сами за себе да се потрудат да бидат повнимателни, и да пријавуваат случаи на организиран транспорт на кучиња скитници од другите градови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top