Крвава ноќ во Вевчани

Вевчанци завиени во црно. Тие во шок, неверување и огорченост го коментираат синоќешниот настан, во кој нивни соселанец, во крвав инцидент го уби Владо Попески, сопственик на кафетеријата Пјаца, како и неговиот пријател Матеј Ѓурчески. Вевчанци отворено прашуваат, дали полицијата потфрли во овој немил настан.

 |  Николоска Биљана  | 
vevcani
вевчани

vevcaniКрвава ноќ во Вевчани. Вевчанци се во шок и неверување по двојното убиство кое се случи синоќа во 21 часот и 30 мин. Крвавиот инцидент на летната бавча во кафеаната Пјаца каде што беше убиен сопственикот на угостителскиот објект Владо Попески на 43 годишна возраст и неговиот дваесет години помлад пријател Матеј Ѓурчески, вевчанци, со огорченост го коментираат. Тие и денеска сеуште не можат да си дојдат на себе после синоќешниот злостор.

 „Цело село го потресе настанот, има двајца мртви и двајца ранети. Нашето село е мирно  и досега не се памети таков злочин.  Ова што го слушнав мене многу ме повреди. Според она што сум го слушнал од пријателите убиецот сега брзо бил викан во полиција и таму се заканил дека ќе го отепа, а тој поседувал пиштол службено, зошто полицијата тогаш не му го одзела пиштолот кога тој се заканил пред полицијата дека ќе ги убие и еве ги уби. Не потресе цело село децата мали кажаа за настанот.  Зошто да се случи тоа и државата е крива тие во повеќе наврати се жалеле во полицијата. Поштрот се коцкаше порано 20 години живееше во Словенија, сега дојде пред две години имаше оружје во него“ – раскажуваат вевчанци.

vevcaniБројни се коментарите и на очевидците кои не сакаа да зборуваат пред камерата на ТВМ. Тие за ТВМ раскажаа дека осомничениот пијан влегол во Пјаца, почнал да ги пцуе сопственикот на објектот, вработените и гостите. Потоа извадил пиштол и почнал да пука, при што испукал цел шаржер куршуми. Потоа тој мирно излегол од кафеаната и тргнал кон домот во кој живеел заедно со својот брат. Поранешениот вевчански поштар цели 20 години не се појавил во селото и бил во бегство поради големи банкарски долгови.
Тој пред неколку недели, како што раскажуваа очевидците дошол во селото и имал кавга со сопственикот на кафеаната во која се случило убиството.

Од СВР Охрид велат дека постоеле одредени недоразбирања помеѓу осомничениот и еден од сега починатите. Оттаму додаваат дека осомничениот, пиштолот со кој што го извршил крвавиот инцидент го поседувал легално. Лицето е приведено од страна на полицијата и против него е поднесена кривична пријава.

vevcani„Синоќа веднаш по настанот случен во летната бавча во кафичот Пјаца во Вевчани во својот дом приведено е ова лица за кое што постојат основи на сомнение дека го има сторено кривичното дело убиство и има испукано најмалку 7 куршуми“– велат од СВР.

Во овој крвав инцидент ранети се уште двајца, кои седеле на иста маса со сега покојните. Врз едниот од нив извршена е интервенција на хируршкото одделение во струшката болница, додека пак другото лице било хоспитализирано во Специјалната болница за ортопедеија и трауматологија Св Еразмо Охрид. И двајцата се надвор од животна опасност. Вевчанци не паметат ваков тежок инцидент до сега во нивното село.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top