Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Ц.(57) од струшкото село Октиси. Во пријавата, во врска со казненото дело „помагање“опфатено е и лицето С.С. (21) од истото село.

Во вечерните часови на деветти овој месец во селото Октиси, двајцата пријавени се затекнати со мини трактор при нелегален транспорт на 1,89 м3 огревно дабово дрво.
Првопријавениот Е.Ц. неовластено извршил сеча на 1,89 м3 дрва од шумски терен во подрачјето на селото Октиси а потоа ги одзел и транпортирал до својот дом во селото Октиси. Со тоа Е.Ц. на Шумското стопанство во Струга ми сторил штета во износ од 12.230 денари. Второпријавениот С.С. иако знаел дека дрвата се бесправно сечени и се предмет на кражба, прифатил со своето товарно возило- мини трактор да ги транспортира од местото на сеча до домот на Е.Ц.
При контролата, полициските службеници констатирале дека пријавените не поседувале документи за извршената сеча, за сопственоста и транспортот.
Целата количина дабово дрво е одземена и предадена на Шумското стопанство во Струга.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град