Кривични за две лица од Велешта поради насипување на градежен шут во водите на езерото

ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица од Велешта поради узурпација на 1.372 м2 државно земјиште и насипување на земја и градежен шут во водите на Охридското Езеро.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „загадување на животната средина и природата“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишниот Е.К. и 40-годишниот В.К., двајцата од струшкото село Велешта.

Пријавените, како сопственици на парцела покрај брегот на Охридското езеро во Струга, на 3-ти март 2021 година, ангажирале лица кои со градежна механизација извршиле насипување и тампонирање на нивното земјиште, но и на површина што е во државна сопственост. Притоа, узурпирале 1.372 метри квадратни државно земјиште, а со насипување на земја и градежен шут во водите на Охридското Езеро извршиле загадување на водите, уништување на трската и на езерскиот биодиверзитет, информираат од МВР.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top