Кривична за коселчанец за крадење дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба на дрва“ и „пустошење шуми“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М. (37) од охридското село Косел.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба на дрва“ и „пустошење шуми“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М. (37) од охридското село Косел.

Пријавениот, во изминатиов периодот од годинава, во атарот на ресенското село Лева Река, без одобрение за сеча, нелегално извршил сеча и одзел 2,5 метри просторни дабови дрва сопственост на Република Македонија. Дополнително, пријавениот З.М. противправно извршил сеча и присвоил уште  0,4 метри просторно дабово дрво.

Пријавениот, спротивно на одредбите на Законот за шуми, без одобрение, со моторна пила и секира извршил сеча на дабова шума сопственост на Република Македонија со исклучиво право за стопанисување на Јавното претпријатие „Македонски шуми“.       
При извршен претрес во неговиот дом, полициските службеници ја пронајдоа неовластено пресечената и присвоена дабова шума, која со записник е предадена на овластено службено лице од Јавното претпријатие „Македонски шуми“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top